Ракометарките на Вардар останаа на шест освоени пехари во Купот на Македонија откако попладнево го загубија финалето од ЖРК КУманово со 32:31. Но, голем хендикеп за „вардарки“ беше тоа што во помалку од 24 часа одиграа два тешки натпревари полуфибалето синоќа со првакот Ѓорче Петров и денешното финале со Куманово.
Секоја чест за моите ракометарки. Немам ниту една забелешка за нив. Се обидувавме, но проблемот на замот не можеше да се надмине. Реагирав и кај претседателот на Федерација Живко Мукаетов да се разгледа можноста и ние да играме како мажите со еден ден одмор меѓу полуфиналето и финалето, истакна тренерот на ЖРК Вардар Александар Царчев.