По само две сезони во второтлигашката конкуренција, кошаркарите на Вардар се вратија во Првата кошаркарска лига.
Црвено-црните покажаа најмногу сезонава во Втората лига и неприкосновено го освоија првото место во лигашкиот дел. Во плеј-офот беа подобро во два натпревари од МЗТ Скопје У.Б. а потоа и во решавачката полуфинална серија со Ангели која исто така, заслужено, ја добија со 2:0 во победи.
Следната сезона тимот од „Кале“ предводен од тренерот Александар Јованчев повторно ќе биде дел од елитното друштво.
А, еве како вардарци го прославија враќањето во Првата лига.