Завршните куп натпревари секогаш носеле големи возбудувања. По непишано правило, најчесто и топ фаворитите за трофејот се сретнувале во полуфиналето. Така е случајот и овој пат кога во полуфиналето број два кај дамите ќе играат Вардар и Ѓорче Петров.
Тренерот на Вардар, Александар Царчев верува и очекува дека неговиот тим има шанса да стигне до финалето и да го освои.
Вардар има силна екипа со многу талентирани играчи, со кои Царчев работи напорно за секој натпревар. Тој верува во квалитетот и мотивацијата на своите ракометарки и очекува тие да го дадат својот максимум
„Куп натпреварите се поразлични од првенствените, тоа се два натпревари и секогаш победува по мотивираната екипа. Ние играме полуфинале со Ѓорче Петров која е квалитетна екипа. Изгубивме тесно во двата првенствени натпревари и сега се надеваме на трета среќа и победа на Вардар. Меѓусебно се познаваме добро и може една топка или една одбрана да го одлучи натпреварот, тоа зависи од добрата реализација на ударите и кој ќе има поквалитетни голмански одбрани. Предност нема ниту една екипа. Се зависи од моменталната мотивираност на играчите и голманите. Натпреварот ќе биде интересен за гледање, со борба за секоја топка и се надевам гледачите во салата и пред малите екрани ќе уживаат во ракометната претстава. Нека победи подобриот на тој натпревар“, истакна Царчев тренерот на вардарки.
Натпреварот што ќе се игра во сала „Билјанини извори“, ќе започне во терминот од 20 часот, а се очекува да има бројна публика и одлична атмосфера.
Ивона Кимовска