Тимовите на Вардар и Скопје ќе се борат за последниот билет за ПМФЛ следната сезона. Откако Црвено – Црните и математички завршија трети во Втората лига а Скопје остана без шанси да ја престигне Академија Пандев на деветатта позиција во ПМФЛ, двата тима меѓусебно ќе одлучуваат за тоа кој ќе игра во најдобрата Македонска лига.
Според правилата бараж нантпреварите секогаш се играат на неутрален терен, а фактот дека и двата клуба се од главниот град, тогаш според логиката се бараше терен надвор од Скопје. Фудбалската федерација на Македонија одлучи домаќин на овој натпревар да биде Градскиот стадион во Кавадарци.
Натпреварот ќе се игра на 21 мај со почеток од 17:00 часот