Реал Мадрид е последниот патник на завршниот „Фајнал-фор“ турнир во кошаркарската Евролига. Ова откако вечерва во Мадрид во мајсторката Реал со неверојатен „кам-бек“ во завршните 15 минути го совлада Партизан со 98-94 и со 3:2 во победи ја доби четвртфиналната серија.
Партизан имаше и +18, напад да замина над 20 поени предност, но триото ветерани кај Реал, Родригез, Љуљ и Фернандез ги предводеше „кралевите“ до неверојатен пресврт и на крајот заслужен триумф вреден полуфинале.
Бадијала беа 7-те тројки и вкупно 28-те поени на Пантер, кога Чача Родригез се разигра постигна 16 поени во клучните моменти од вкупно 19-те на натпреварот, а имаше поддршка од Љуљ кој додаде 8 поени, односно Руди Фернандез кој иако немаше кош, фати 5 клучни скокови.
Во полуфиналето Реал за противник ќе го има лутиот ривал Барселона, додека во второто полуфинале Олимпијакос ќе игра со Монако кој исто така во мајсторката беше подобар од Макаби.