Во женското кошаркарско првенство попладнево ќе се одигра вториот натпревар од финалната серија меѓу Баскет Кам и Бадел екипите кои веќе трета сезона во низа се борат за шампионскиот пехар.

Домашните кошаркарки максимално ја искористија предноста на домашниот терен на првата средба која ја добија убедливо со 33 поени разлика.

Дали Баскет Кам беше толку доминантен на првиот натпревар или актуелните шампионки имаа само лош дек, тоа ќе мора пред се да го докажат гостинките од Скопје и да потврдат дека нема така лесно да се откажат од трофејот.

Останува да видиме која од горе споменатите констатации е вистинската по натпреварот што започнува во терминот од 16 часот и 30 минути.

Потсетување дека финалната серија се игра во три добиени натпревари, а следните два ќе се играат во Скопје