Вечното дерби без победник, а тоа значи бараж за Вардар за во Прва лига. Со овој бод Пелистер и официјално останува на четвртата позиција и следната сезона повторно ќе е второлигаш. Во не толку добри услови и без многу атрактивен фудбал помина дербито. Вардар имаше водство на полувреме со одличниот погодок на Дарио Десниќ. Во второто полувреме Борче Маневски од белата точка ги постави конечните 1:1.

Гостивар официјално е во Прва лига после високата победа од 4:0 против Борец. Очекуван резултат и лесна победа за гостиварчани. Со оваа победа освен пласманот во Прва лига, екипата на Гостивар се уште има шанси и за првата позиција.

Воска спорт во доста ефикасен натпревар со многу голови славеше со 5:3 против екипата на Детонит Плачковица. Охриѓани не го даваат првото место и ја одржуваат предноста од плус два со Гостивар.

ВТОРА ЛИГА 29.КОЛО 
ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР -1:1
ГОСТИВАР – БОРЕЦ -4:0
ВОСКА СПОРТ – ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА -5:3
БЕЛАСИЦА – АРСИМИ – 0:1
БЕСА – КАРАОРМАН – 1:0
КАМЕНИЦА САСА – ЛОКОМОТИВА СКОПЈЕ -2:1
СЛОГА ВИНИЦА – ОХРИД -2:0
ТЕТЕКС – КОЖУФ -4:2

ТАБЕЛА
1. ВОСКА СПОРТ* 72 бодови
2. ГОСТИВАР* 70
3. ВАРДАР** 63
4. ПЕЛИСТЕР 57 …

*Нови прволигаши **Бараж за Прва лига

Филип Василевски