Фудбалерите на Евертон попладнево се израдуваа на победа како гости откако во дуелот од 35.коло го победија Брајтон на „Амекс“ со 4:1. Ова е триумф кој им овозможува нешто „полесно“ да дишат во последните три кола бидејќи се искачија на 16.то место и ја напуштија зоната за испаѓање. Ова воедно е победа поседум кола за „карамелите“ последен пат победија на 11.март и триумфот над Брентфорд.
Во првата минута гостите од Ливерпул поведоа со голот на Абдулае Дакуре, а истиот играч зголеми на 2:0 во 29.та минута. Во 35.та минута веќе беше 3:0 за гостите откако домашниот голман Џејсон Стил ја затресе сопствената мрежа. Во вториот дел Евертон го постигна и четвртиот гол преку Двајт Мек Нил во 76.минута. Почесниот гол за Брајтон го постигна Алексис Мек Алисетр во 79.минута, додека „точка“ на одличната партија на Евертон постви Мек Нил со својот втор гол во 90+6 минута.
По денешната победа Евертон има 32 бода од 35 натпревари, а зад него се Лестер и Лидс имаат по 30 од 35 натпревари, а Нотигнем Форест има 30 од 34 натпревари, додека Саутемптон е последен со 24 бодови од 34 натпревари. Брајтон по денешниот натпревар остана на 55 бодови од 33 натпревари, но веќе без шанси за Лигата на шампионите.