Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз во финалето го совлада Јан Ленард Штруф со 2-1 по сетови 6:4, 3:6 и 6:3 и со тоа ја одбрани титулата на Мастерсот во Мадрид.

По овој успех, Шпанецот му се приближи на Новак Ѓоковиќ на само пет поени на АТП листата, што значи дека со учеството на Мастерсот во Рим ќе му се закани и ќе го заземе првото место.

Алкараз се мачеше во финалето против Штруф. Првиот сет му припадна на Шпанецот и покрај тоа што Германецот имаше неколку брејк можности кои ги искористи само во вториот и успеа да израмни на 1:1.

Алкараз го покажа својот талент и квалитет во третиот сет и во четвртиот гем презема предноста која не ја испушти до крајот и го однесе дома трофејот од Мадрид.

Мастерсот во Мадрид се играше за награден фонд од 7.705.780 евра.