Кошаркарките на Бадел ќе го бранат шампионскиот трофеј во женската лига, повторо против Баскет Кам, во финалната серија што почува попладнево.
Шампионките имаа тешко полуфинале и одиграа максимални пет натпревари против Стружанка, но без разлика на заморот, се очекува интересни дуели, како впрочем секогаш нуделе овие два тима.
„Оваа сезона со екипата на Баскет Кам одигравме четири натпревари. И добро се познаваме. Играат брза и ефикасна кошарка. Имаат предност на домашен терен. Сепак, и ние имаме одредени квалитети кои ќе ги покажеме во ова финале. Очекувам натпреварите да бидат квалитетни, неизвесни, и љубителите на кошарката да уживаат во нив“, вели Перо Стамески тренерот на баделки.
Првата финална пресметка на програмата е попладнево од 16.30 часот.