Ракометарите на Алкалоид постигнаа нова победа откако во дуелот од 12.коло од Супер лигата плеј-оф како гости го совладаа тимот на Бутел со 22:20 (11:9). Предноста од првиот дел од + 2 за играчите на Алкалоид се покажаа решавачки за победата, воедно и да им се реваншираат на бутелчани за поразот во првиот дел на овој терен од 28:27.
Бутел подобро го почна натпреварот и имаше водство 3:0, но избраниците на тренерот Кирил Лазаров брзо се вратија резултатски во игра. По петтото изедначување 9:9, Алкалоид постигна два гола за водство од +2 (11:9) резултат на полувремето.
На стартот од вториот дел Алкалоид поведе со 4 разлика (14:10) што се покажа како решавачко за победата бидејќи водството успеаја да го сочуваат до крајот на дуелот. Мартин Серафимов со 7 голови беше најефикасен на дуелот, додека Филип Николов постигна ист број голови кај домашниот тим.
Алкалоид со оваа победа има 30 бодови, додека Бутел остана на 10 бодови.