Во супер интересен и неизвесен натпревар одигран вечерва во Истанбул, грчкиот тим Олимпијакос го совлада лутиот турски ривал Фенербахче со 72-71 и поведе со 2:1 во четвртфиналната серија подобар до три.
Иако домаќините имаа и двоцифрена предност, сепак натпреварот на крајот беше решаван во последната секунда. Откако, Везенков погоди тројка за израмнување 69-69, а на спротивната страна Милан Гудуриќ на 3.8 секунди пред крајот со својот прв кош од игра му донесе предност на Фенер со 71-69, Костас Слукас стави точка на мечот.
Екс играчот на Фенербахче со неверојатна тројка со звукот на сирената ми донесе победа на Олимпијакос со конечни 72-71.
Така грчкиот тим веќе задутре (петок) повторно во Истанбул ќе ја има и првата „меч“ топка за пласман во полуфиналето.