Младите кошаркари на Вардар го освоија второто место на традиционалниот турнир „ИБЦ Баскет“ што се одржа во Србија.
Генерацијата на играчи родени 2010/2011, предводена од тренерот Никола Данев, беше една од петте екипи на овој турнир на кој се натпреваруваше до врсниците од екипите: Тиумф, Лозница, Гоц и Феникс.
„Ваков тип на турнири се многу важни за помладите кошаркари. Со натпреварите тие се стекнуваат со искуство повеќе, а водено и самите може да видат до каде и колку напредувале. Резултатите нам како тренери ни се во втор план, но овие деца се желни за победи, а тоа го докажаа и со настапот на овој турнир“,
вели тренерот Данев.
Вардарци го освоија сребрениот медал откако во финалето беа поразени од екипата на Триумф.