Разбирливо денеска најголемо внимание привлекува кошаркарскиот натпревар во Белград каде Партизан го пречекува Реал Мадрид
По скандалозниот крај на вториот натпревар меѓу Реал и Партизан одигран во Мадрид а во рамките на четвртфиналето на Евролигата, вечерва во Белград под силно полициско обезбедување ќе се игра натпреварот број три.
Тепачката во Мадрид дополнително ја подгреа атмосферата пред дуело во Белград за кој арената „Штарк“ одамна беше распродадена, па гостите од Мадрид бараа од српската полиција и Партизан да им ја гарантираат безбедноста со дополнителни мерки.
Организаторите ги прифатија „условите“ на Реал, па ги повикаа своите симпатизери достоинствено и без инциденти за ги бодрат црно-белите. Затоа, во арената беше видливо бројното присуство на вооружена полиција
Но, кај популарните „гробари“ останува горчината што главниот иницијатор на инцидентот Серхио Љуљ мина неказнет.
Повеќе од јасно е дека Реал во белградската арена го чека вистински „пекол“ имајќи во предвид дека токму Партизан годинава ги руши сите рекорди според бројот на посетеност на натпреварите во Евролигата.
Натпреварувачки, црно-белите ги дели само една победа од место на фајнал-форот во Каунас, додека Реал, за да остане во „живот“ ќе мора прво да го преброди „пеколот“, а потоа и да ги добие двата натпревари во Белград.
Натпреварот Партизан – Реал Мадрид ќе започне од 20.30 часот, а претходно својата трета меѓусебна средба во Тел Авив ќе ја играат Макаби и Монако натпревар во кој двата тима влегуваат со по една победа во серијата подобар до три