Тимот на Барселона полека но сигурно чекори кон титулата во шпанска Ла Лига. Избраниците на Чави, вечерва со минимални 0-1 го совладаа тимот на Осасуна, победа со која отидоа на +14 во однос на Реал.
Се почна лошо за тимот на Осасуна, Барселона напаѓаше а во 27-та минута останаа и со играч помалку поради глупоста и директниот црвен картон на дефанзивецот Херандо во 27 минута.
Домаќините притискаа уште посилно а се редеа и шанси. Осасуна успешно се бранеше до 79. минута кога Роберт Левандовски донесе радост на Камп Ноу, но неговиот погодок беше поништен поради офсајд. Гостите конечно капитулираа дури во 85-тата минута кога Френки Де Јонг испрати хируршки прецизно додавање, а Жорди Алба како расен стрелец ја затресе противничката мрежа. За капитенот Алба ова е втор сезонски погодок.
Со резултат од 1-0, Барселона чекори кон титулата и има 82 поени, 14 поени повеќе во однос на Реал Мадрид кој има и натпревар помалку.