Парис Сен Жермен се реши на ригорозен потег, да го суспендира Лионел Меси. Изворите потврдуваат дека Меси уште веднаш ќе биде суспендиран на две недели поради неговото одбивно однесување кон клубот.
Во ПСЖ биле премногу лути бидејќи Аргентинецот без да ги извести и да добие нивна дозвола отишзаминалол во Саудиска Арабија.
„РМЦ Спорт” ги пренесе прв деталите за овој радикален потег, а веднаш добриот познавач на фудбалските прилики Фабрицио Романо ја пренесе веста.
Меси нема да игра на следните натпревари за ПСЖ, а од страната на Аргентинецот сеуште чекаат разумно објаснување и потврда од бордот на директори на парижаните.
Сето ова, се повеќе го потврдува тоа што се најавува последниот месец, дека Меси е подготвен да се врати дома во Барселона.
Само останува да видиме дали Барса ќе го направи тоа што не сакаше пред две години кога си отиде нивниот најдобар играч, дали ќе се ослободат од технолошкиот вишок на играчи.
Андреј Велјаноски