Гостинските екипи го однесоа пленот на сите прволигашки средби денес.

Струга Трим Лум со убедлива победа од 0-3 се враќа од гостувањето во Штип. Стружани со одлична игра и ефикасна завршнца ја наполниа мрежата на Брегалница и повторно се одлепија на плус пет во однос на Шкендија.Христијан Млаески во 9тата минута го отвори резултатот, а пред самиот крај на првиот дел Бесарт Ибраими зголеми на 0-2. Во вториот дел Марјан Радески по само три минути игра го постави конечниот резултат 0-3.

Прилепска Победа и официјално следната сезона ќе ја гледаме во Втората лига. Ова беше последна шанса за да успеат да се вратат во борбата за опстанок, но не ја искористија. Екипата на Скопје одигра моќно и покажа дека повеќе го сака опстанокот. Во првиот дел резултатот гласеше 0-2, а конечниот резултат беше 0-4 и така со убедлив пораз прилепчани се збогуваа со шансите за опстанок.

Шкупи во доста тежок натпревар на гостински терен во Кратово успеа да слави и да продолжи да се надева на првото место и одбрана на титулата. Во првото полувреме немаше голови, а до првиот гол чекавме само четири минути во вториот дел кога Цепас ја затресе мрежата на Силекс. Алварез во 67мата минута го зголеми водствоти и го постави конечниот резултат 0-2.

Тиквеш ја продолжува очајната втора полусезона без победа. На домашен терен во Кавадарци беа поразени 1-3 од Работнички. Дебармаалци уште во првиот дел имаа предност од 0-2 со головите на Кире Маркоски и Гандо. Во 70тата минута Крсте Велкоски зголеми на 0-3, а во самиот крај на натпреварот Ивановски намали на 1-3 и го ублажи поразот.

ПРВА ЛИГА 30 КОЛО
БРЕГАЛНИЦА – СТРУГА ТРИМ ЛУМ – 0-3
ПОБЕДА – СКОПЈЕ – 0-4
СИЛЕКС – ШКУПИ – 0-2
ТИКВЕШ – РАБОТНИЧКИ – 1-3
ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА Ѓ.П.- 3-1

ТАБЕЛА:
СТРУГА ТЛ 59 БОДОВИ
ШКЕНДИЈА 54
ШКУПИ 52
СИЛЕКС 44
БРЕГАЛНИЦА 37
МАКЕДОНИЈА ЃП 36
РАБОТНИЧКИ 34
ТИКВЕШ 31
АКДЕМИЈА ПАНДЕВ 26
СКОПЈЕ 22
ПОБЕДА 13