Македонија ја продолжува традицијата на настапи на големите натпреварувања. Одново нашата машка сениорска селекција ќе биде дел од најдобрите на континенталното, Европско првенство што догодина (2024-та) ќе се одржи во Германија.
Селекторот Лазаров честитајќи им ја победата на своите избраници, сепак проговори отворено, дека во иднина добро ќе размисли кого да повика во репрезентацијата.
„Ние бевме фаворити на хартија. Но, Турција не беше иста, со која игравме претходно. Во изминатите два дена бев нервозен, не бевме фокусирани, си мислевме дека се е завршено. Мора да сме спремни за борба со секој противник, од почеток до крај. Ме радува пресвртот. Увидов некои работи дека во иднина треба добро да размислам кого ќе го повикам во националниот дрес. Јас сакам да им дадам шанса на сите, меѓутоа во иднина ќе внимавам, ми се отворија очите, затоа што работи кои се повторуваат, треба да се решаваат“, изјави Лазаров.
Сега останува да ја чекаме ждрепката закажана за 10 мај, кога ќе ги дознаеме противниците на Европското првенство во Германија.