Актуелно викендов во најбрзиот мото спорт на две трката во Светскиот шампионат во Мото ГП е трката што се вози во Херез, на ГН на Шпанија.
На програмата денеска беа квалификациите, а таму со најбрзо време од пол-позицијата ќе стартува возачот на Априлија, Алеиш Еспаргаро.
Тој имаше најдобро време од 1:37:216 минути. Постариот од браќата Еспаргаро по пауза од 11 месеци од Каталонија, повторно ќе стартува од пол позицијата овојпат на патеката ,,Анхел Нието“. Од второто место ќе стартува возачот на КТМ Ред Бул, Џек Милер, додека од третото место ќе започне возачот на Прамак Дукати, Хорхе Мартин.
Попладнево се возеше и спринт трката, на која до првото место и 12-те бода стигна Бред Биндер од тимот на КТМ Ред Бул, втор беше Бањаја од Дукати, додека третото место го освои Џек Милер од тимот на КТМ Ред Бул.
Во генералниот пласман на првото место е италијанецот Безеки од Дукати со 65 бода, втор е Бањаја со 62, а трет е Вињалес од Априлија со 48 бода.
Трката за големата награда на Шпанија на патеката Херез се вози утре од 15 часот.
Томислав Атанасовски