Во Првата македонска фудбалска лига, денес ќе се одигра воведниот натпревар во 30-тото коло. Силите ќе ги одмерат екипите на Шкендија и Македонија Ѓорче Петров од 16 часот во Тетово.

Шкендија после ремито со Силекс нема право на грешка, доколку сака да остане во чекор со првопласираната Струга Трим Лум. Воедно ова ќе биде шанса за тимот од Тетово да се реваншира за поразот во полуфиналето од купот на Македонија. Тетовчани имаат повеќе од доволно мотиви за да одиграат одличен натпревар и да стигнат до нова победа.

Екипата на Македонија Ѓорче Петров после три натпревари без победа, конечно успеа да слави во претходното коло и да ја врати позитивната енергија во тимот. Во полуфиналето покажаа дека знаат како со Шкендија и се надеваат дека повторно ќе се радуваат на поволен резултат.

Останатите натпревари за ова 30-то коло се закажани за утре.

ПРВА ЛИГА 30.КОЛО (16 часот)
САБОТА
ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА Ѓ.П.
НЕДЕЛА
СИЛЕКС – ШКУПИ
БРЕГАЛНИЦА – СТРУГА Т.Л.
ТИКВЕШ – РАБОТНИЧКИ
ПОБЕДА – СКОПЈЕ
Слободна е екипата на Академија Пандев

ТАБЕЛА 
1 СТРУГА 53 бодови
2 ШКЕНДИЈА 50
3 ШКУПИ 45
4 СИЛЕКС 40
5 БРЕГАЛНИЦА 37
6 МАКЕДОНИЈА ЃП 33
7 ТИКВЕШ 30
8 РАБОТНИЧКИ 28
9 АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 22
10 СКОПЈЕ 18
11 ПОБЕДА 13

Филип Василевски