Пеј-офот е сосема поинаква приказна од регуларниот дел на сезоната кога во прашање е кошаркарскиот шампионат. Во него, се почнува од „нула“.
Така размислува и тренерот на Еуро Никел, Горан Самарџиев тим кој попладнево ја започнува четвртфиналната серија проти ТФТ Моцарт со средбата што ќе се игра во Скопје, а од која Самарџиев очекува неговиот тим да дојде до победа.
„Во двата натпревари оваа сезона ТФТ два пати нè победи и сега искрено се надевам дека ние ќе извојуваме две победи. Плеј-офот е специфично натпреварување каде што нема многу поправни испити така што мора да бидеме на ниво, од првата до последната минута. Очекувањата се како и на сите тимови, а тоа е да се пласираме во полуфиналето. Но за тоа ќе треба да одиграме максимално добро, и со што помалку грешки. Очекувам добра и фер игра од сите актери на теренот“, вели Самарџиев.
Натпреварот ТФТ Моцарт – Еуро Никел започнува во терминот од 18 часот, а можете да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ