Во Втората македонска фудбалска лига, денес со почеток од 16 часот ќе се одиграат сите натпревари од 27-мото коло.
Вардар и Пелистер гостуваат во Струмица, односно Тетово, додека двете водечки екипи Воска Спорт и Гостивар се домаќини во денешните натпревари.
Вардар ги напаѓа трите бода во Струмица, на тешкото гостување кај Беласица. Велиме тешко гостување иако Беласица е во криза, но еден ваков натпревар е голема мотивација за нив, а тоа го покажаа на претходниот домашен натпревар кога славеа над Пелистер.
Пелистер треба да ја оправда улогата на фаворит на гостувањето кај Тетекс и да освои нови 3 бода доколку сака да остани во игра за третото место кое носи бараж за Прва лига. Тетекс е во тешка ситуација и ќе бара одмазда за примените 11 гола во Битола.
Се очекува Воска спорт да нема тешка задача и лесно да стигни до нова победа. На домашен терен ја дочекуваат екипата на Арсими која се наоѓа на средина на табелата.
Екипата на Гостивар на домашен терен ја пречекува екипата на Охрид и важи за голем фаворит. Охриѓани иако имаат само 3 победи на гостински терен, денес ќе се обидат да приредат изненадување и да дојдат до нова гостинска победа.
ВТОРА ЛИГА 27.КОЛО (16 ЧАСОТ)
БЕЛАСИЦА – ВАРДАР
ТЕТЕКС – ПЕЛИСТЕР
ГОСТИВАР – ОХРИД
ВОСКА СПОРТ – АРСИМИ
СЛОГА ВИНИЦА – КОЖУФ
БЕСА – ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА
ЛОКОМОТИВА – КАРАОРМАН
КАМЕНИЦА САСА – БОРЕЦ
ТАБЕЛА
1. ВОСКА СПОРТ 65 бодови
2. ГОСТИВАР 61
3. ВАРДАР 59
4. ПЕЛИСТЕР 53 …
Филип Василевски