Куманово го совлада Металург во шестото коло од женската Супер лига во плеј-офот со резултат 25-21.

Натпреварот почна гол за гол на двете страни се до 3-3 кога тимот на Куманово со серија од 3-0 поведе со 6-3, за да подоцна таа предност само расте. Веќе во 21. минута Куманово отиде и на највисоки  +5 за 13-8.  До крајот на полувремето  предноста се зголемуваше а гостите некако успеаја да се стабилизираат па на полувреме заминаа со резултат 16-11.

Второто полувреме Куманово ја одржуваа разликата и не дозволи гостите во ниту еден момент сериозно да се доближат и евентуално ја загрозат победата. Домаќините во 38 минута поведоа со максимални +7 за 20-13 кога практично и ги решија сите делиме околу победникот на денешниот натпревар. Иако гостите од Скопје во неколку наврати дојдоа до помала негатива сепак Куманово беше далеку поквалитетен тим на денешниот натпревар па на крајот се радуваше на победата со конечни  25-21.

Најдобар стрелец во победничкиот тим беше Алмеида Коста Андреза со дванаесет погодоци, а кај поразената екипа Ива Младеновска даде шест гола.

Жрк Куманово со оваа победа дојде до 25 бода и останува на третото место зад лидерот Ѓорче Петров и второласираната екипа на Чаир, додека пак  Металург остана на 19 бода и делба на четвртото место заедно со ЖРК Вардар.

ИВОНА КИМОВСКА