Натпревар полн со голови помеѓу Реал Мадрид и Алмерија кој заврши со победа од 4-2 за „Кралевите“.

Првото полувреме беше во знакот на францускиот напаѓач, Карим Бензема кој постигна 3 гола.

Реал тргна силно уште од самиот почеток, а веќе во петтата минута, Винциус одлично го проигра Бензема, кој лесно го совлада противничкиот голман за предност од 1-0.

Само 12 минути подоцна, Бензема повторно ја затресе противничката мрежа, овој пат на асистенција на Родриго. Французинот одличното прво полувреме го круниса со хет-трик во 42-та минута кога мирно го реализираше ударот од 11 метри.

Пред самиот крај на првото полувреме, Лазаро успеа да го совлада Куртоа и да го намали резултатот на 3-1.

„Кралскиот клуб“ фуриозно продолжи во вториот дел од натпреварот и брзо постигна гол, Родриго кој со одличен шут од надвор од шеснаесетникот успеа да го матира противничкиот голман за преодност од 4-1.

Алмерија во 61 минута преку Лукас успеа да ја намали негативата на 4-2.

До крајот на натпреварот Кралскиот клуб имаше уште неколку добри прилики и за петти гол, но резултатот остана непроменет.

Со оваа победа Реал Мадрид останува на позната втора позиција оваа година, 8 поени зад вечниот ривал и моменталниот лидер во Ла Лигата, Барселона.

ТАБЕЛА
1.Барселона 76
2.Р. Мадрид 68
3.А. Мадрид 63
4.Р. Сосиедад 58