Екипите на Тотенхем и Манчестер Јунајтед си ги поделија бодовите во второто дерби ова коло во Премиер Лигата со 2-2.
натпреварот започна одлично за гостинскиот тим, па Санчo го отвори резултатот уште во 7-та минута, а по асистенцијата на Рашфорд.
Токму Рашфорд пред крајот на првиот дел во 44-та минута зголеми на 2-0.
„Петлите” тргнаа со сите сили во второто полувреме и плод даде евроголот на Поро во 56-минута за намалување на резултатот.
Кореецот, Сон, кој е „остутен“ цела сезона израмни на 2-2 по грешката на Маласија.
Со овој резултат Јунајтед останува на 4-та позиција со 60 бода. Тотенхем пак се искачија на 5-то место со 54 бода каде имаат ист број на бодови со Астон Вила и 1 бод повеќе од 7-мо пласираниот Ливерпул.
Андреј Велјаноски