Голем успех оствари македонскиот тенисер Горазд Србљак со пласманот во четвртфиналето на фјучрс турнирот во Куршумлијска бања во Србија. Тој во денешниот меч од второто коло беше поуспешен од петтиот носител Ѓерѓели Мадарш од Унгарија. Србњак го доби првиот сет со 6:1 во гемови, а во вториот сет при резултат 3:0 во гемови за нашиот тенисер противникот го предаде мечот.
Утре во четвртфиналето Србљак ќе игра против првиот носител Макс Касниковски од Полска.
На истата локација само во женска конкуренција македонската тенисерка Магдалена Стоилковска по успешните настапи во квалификациите и победата во првото коло денеска беше запрена во мечот од втората рунда од Софија Рокети од Италија (6.носител). Стоилковска во двата сета освои само три гема – 6:1 и 6:2 за Рокети.