Денес се одигра 29-тото коло од првата македонска лига. Освен Шкендија која ремизираше на домашен терен против Силекс, останатите домаќини ги оправдаа улогите на фаворити.
Шкупи ја наполни мрежата на Брегалница и даде дознаење дека ќе се бори за титулата до последното коло. На полувреме имаа минимална предност од 1:0 со голот на Адетунџи во 17. минута, за да во вториот дел преку Адетунџи уште еднаш и Алварез дојдат до убедливи 3:0.
Струга ТЉ не го дава првото место и со победа од 2:0 против Тиквеш ја зголеми разликата на 5 бодови во однос на Шкендија и 7 во однос на Шкупи. Домаќините рано дојдоа до предност отакко во петатта минута несреќниот Давков ја затресе сопствената мрежа. Во вториот дел Шабани во 51. минута го зголеми водството на 2-0, резултат што на крајот беше и конечен.
Силекс стави крај на победите на Шкендија. Екипата од Тетово имаше 5 победи на домашен терен, се до донесе кога мораа да се задоволат само со бод. Доста цврст натпревар, збогатен со шанси но не и со голови. Конечниот резултат гласеше 0:0, резултат кој ја оддалечи Шкендија од титулата.
Академија Пандев славеше со 2:0 против последната Победа. Прилепчани одиграа доста добро прво полувреме, но на стартот на второто останаа со играч помалку, кога големиот Тофиловски заработи црвен картон. Нововлезениот Котевски успеа да го одбрани пеналот и да ја одржи во живот екипата на Победа. Пандевци ја искористија бројчаната предност и успеаја да постигнат два погодоци за конечни 2:0 и значајни 3 бода во борбата за опстанок, а ја втурнаа Победа во амбисот.
Македонија Ѓорче Петров со по еден гол во двете полувремиња успеа да се врати на победите. Скопје во самиот финиш на натпреварот го ублажи поразот за конечни 2:1, но немаше моќ да се избори за поволен резултат. Сега ситуацијата е уште потешка за да изборат опстанок, но ништо не се знае.
Резултати 29то коло
Академија Пандев – Победа – 2:0
Македонија ЃП. – Скопје – 2:1
Шкупи – Брегалница – 3:0
Шкендија – Силекс – 0:0
Струга ТЛ. – Тиквеш – 2:0