Екипата на Баскет Кам е првата што обезбеди пласман во финалето од плеј-офот на женскиот кошаркарски шампионат.
Актуелните вице-првенки со убедливи 3:0 во победи ја добија полуфиналната серија со МЗТ Скопје Аеродром за што му се реваншираа на скопскиот тим за поразот во финалето на Купот.
Во денешниот трет дуел, гостинките од Македонска Каменица, победата на најавија уште во првата четвртина која ја добија со 27-10, па се натаму беше полесно, добивајќи ги и следните две со 19-7 и 21-13, а само последната ја добија аеродромки со 18-16, за конечни 83-48.
Така Баскет Кам си го обезбеди своето место во финалето, во кое за противник е го има подобриот од дуелот меѓу Струга и Бадел во кој гостинките, кои се и актуелни шампионки, влегоа со предност од 2:0 во победи.
Третиот дуел на овие две екипи е во тек.