Екипата на Аталанта ја израдува својата публика, со убедлива победа против Рома со 3:1 последниот натпревар од 31.коло од италијанската Серија А. 

Најава за ваквата разврска беше водечкиот гол за домашните кој го постигна Марио Пашалиќ во 39-тата минута. Предноста ја удвои Рафаел Толои во 74-тата минута.

Но, гостите од Рим брзо се вратија во игра и само девет минути подоцна намали на 2:1 со атрактивниот голот во 83.минута на Лоренцо Пелегрини.

Мурињо и неговите избраници таман се понадеваа дека можеби од Бергамо ќе се вратат со бод, сепак, веќе во следната минута голманот на Рома, Руи Патрисио направи голема грешка и му дозволи на Тојн Купминерс да го реши прашањето за победникот.

Со оваа победа Аталанта и вкупно 52 одови, Аталанта е на само два бода помалку од Интер, односно 4 од Рома и Милан во трката за позициите што водат во евро куповите следната сезона.