Мулти Есенс оствари победа против екипата на Драчево во 4.коло од Првата лига во плеј-офот со 34-31, со која оваа млада екипа останува перфектна со максимален „скор“ 13 победи без загубен или нерешен резултат.
На почетокот двете екипи влегоа мотивирани на натпреварот и се играше гол за гол, се додека Драчево со серија 2-0 нé поведе за 5-3.
Домаќините успеаја да ја држат разликата, а во 17,минута поведоа со +6 за 12-6. Гостите со добра реализација во напад и серија од 8-2 во 27-минута израмнија на 14-14, а на полувреме резултатот гласеше 15:15.
Втората половина почна со серија од 2-0 на Мулти Есенс за 17-15. Мулти Есенс во 43 минута поведе со +6 за 26-20.
Драчево успеаја да ја преполови намалат разликата на 29-26. Иако домаќинот се трудеше да стигне до израмнување, сепак гостите не го дозволија тоа, па крајот резултат беше 34-31 за Мулти Есенс.
Двајца ракометари се издвоија со својата ефикасност. Најдобар стрелец во победничкиот тим беше Дука Ѓорѓи со 9 погодоци, а кај поразената екипа Димитар Узунчев даде 12 гола.
Мулти Есенс е убедливо на првото место на табелата со максимални 39 поени, дури 11 повеќе од второ пласираниот Аеродром кој во оваа рунда беше убедлив против Македонија Ѓ.П. со 44-26, меч во кој Наум Костов постигна 11 гола за победничката екипа.
Драчево останува на третата позиција исто така со 28 пени, седум повеќе од Младост кој денеска го игра својот натпревар од ова коло против Металург РА на гостински терен.
Ивона Кимовска