Без промени на врвот на најновата АТП ранг лита на која и натаму водечки е Новак Ѓоковиќ.
Иако Србинот не се прослави на последните два турнири во Монте Карло и Бања Лука, сепак останува на првото место, но сега само со 365 поени повеќе од Шпанецот, Карлос Алкараз кој триумфираше во Барселона.
Единствената промена во ТОП 10 е на третата позиција на која сега е Русинот, Данил Медведев кој има само 29 поени повеќе од Каспер Руд кој падна на четвртата
Во десетте најдобри се и: Стефанос Циципас, Андреј Рубљов, Јаник Синер, Феликс Оже-Алијасим и Тејлор Фриц.
Дел од најдобрите тенисери оваа седмица ќе играат во Мадрид, каде во отсуство на Ѓоковиќ кој нема да настапи, улогата на прв носител ќе ја има Алкараз.