Нова полуфинална „епизода“ во кошаркарскиот шампионат на Македонија во женска конкуренција не очекува попладнево.
Актуелниот првак Бадел, повторно, е домаќин на Струга во полуфиналната серија од плеј-офот. Иако баделки ја имаа улогата на фаворит, сепак се изнамачија да го добијат првиот натпревар во кој стружанки покажаа карактер и беа блиску до изненадување, па затоа и на денешниот натпревар можеме да очекуваме интересна борба.
Натпреварот број 2, повторно се игра во салата „Независна Македонија“ во Кисела Вода, а почетокот е закажан за 18 часот, и истиот може да го гледате во ЖИВО ОВДЕ.
Потсетување дека пласман во финалето се обезбедува со три победи, а блиску до нив се кошаркарките на Баскет Кам кои со вчерашниот триумф поведоа со 2:0 против МЗТ Скопје Аеродром.