Три победи во сто толку одиграни натпревари забележаа домашните екипи во синоќешните дуели одиграни во НБА плеј-офот.
Џамал Мареј постигна 40 поени, а Никола Јокиќ имаше 27 поени и по 9 скокови и асистенции, во триумфот на Денвер над Минесота со 122-113 со која „Нагетси“ поведоа со 2-0 во победи во четвртфиналната рунда на Западната конференција. Кај гостите се истакна Ентини Едвардс кој постигна рекордни за него 41 поен, но тоа не беше доволно да се избегне поразот.
Сега серијата подобар до четири победи се сели во Минеаполис каде ќе се играат два натпревари, а следниот е во петок.
И во отсуство на својот најдобар играч Јанис Антетокумпо, екипата на Милвоки не дозволи ново изненадување, па го совлада Мајами со 138-122 за израмнување на резултатот на 1:1 во победи.
Брук Лопез и Дру Холидеј заедно искомбинира 49 поени. Лопез беше стрелец на 25, а Холидеј оствари дабл-дабл со поен помалку (24) и 11 скокови, како и Боби Портис кој се вклучи со 13 поени и 15 скокови. серијата се сели со две средби во Мајами.
И во последниот натпревар триумф славеа домаќините. Предводени од Ксавиер Тилман со рекордни за него во кариерата 22 поени, на кои придодаде 13 скока, екипата на Мемфис и без својот најдобар играч Џа Морант го победи составот на ЛА Лејкес.
„Гризлите“ славеа со 103-93 за израмнување на резултатот на 1:1 во победи.
Леброн Џејмс средбата ја заврши со дабл-дабл со 28 поени и 12 скокови то тоа не беше доволно за втор триумф на „Лејкрски“ кои ќе бидат домаќини на следните два натпревари