Женската ракометна репрезентација на Македонија е дел од вториот шешир за претстојното извлекување на квалификациските групи за Европското првенство 2024.
Шампионатот ќе се оддржи во Австрија, Унгарија и Швајцарија, ќе настапат вкупно 24 репрезентации, а преку квалификациите пласман на првенството ќе обезбедат 20 репрезентации, а покрај домаќините учество на турнирот обезбеди и Норвешка која беше победник на последното првенство.
Двете првопласирани репрезентации од секоја група ќе изборат учество на шампионатот, како и четири третопласирани, со тоа што во групите со четири селекции нема да се сметаат резултатите не четвртопласираната репрезентација.
Вкупно 31 репрезентација ќе се бори за пласман на Европско првенство и поделени се во 4 шешири:
Шешир 1: Франција, Данска, Германија, Холандија, Шведска, Шпанија, Црна Гора, Хрватска
Шешир 2: Романија, Словенија, Србија, Полска, Чешка, Македонија, Словачка, Исланд
Шешир 3: Португалија, Украина, Турција, Италија, Фарски Острови, Литванија, Грција, Косово
Шешир 4: Израел, Финска, Луксембург, Босна и Херцеговина, Летонија, Азербејџан и Бугарија.
Седум групи ќе имаат по четири репрезентации, а една група ќе има три поради откажувањето на Велика Британија.