Иако пред само два дене беше објавен „поширок“ список од 35-мина ракометари, денеска селекторот Кирил Лазаров излезе со нов список.
На овој се имињата на 21 ракометар кои ќе претендираат за составот во претстојните евро-квалификациите натпревари со Луксембург и Турција.
Во тимот се само двајца интернационалци (голманот Никола Митревски и бекот Филип Кузмановски), а останатите се од домашното првенство. Меѓу нив и Филип Талевски и Гоце Георгиевски кои ги прескокнаа натпреварите со Португалија.
Првата прозивка Лазаров ќе ја направи во недела (16 часот), а првиот натпревар нашите ракометари ќе го играат на гостински терен кај Луксембург на 26 април (20:15 часот), додека на 30 април во СЦ „Борис Трајковски“ од 18 часот против Турција треба да го потврдиме второто место во групата, а со тоа и новиот пласман на европскиот шампионат догодина.