Македонскиот тенисер Калин Ивановски повторно има скок на АТП листата и оваа недела е рангиран на 458.то место (најдобар ранг му беше 457.мо место) и има „скок“ од пет позиции со 92 бода (еден бод плус од турнирот во Дубровник). Во меѓувреме голем напредок има на листата во двојки каде сега е рангиран на 769.то место, а додега имаше ранг од 1011.то место. Овој напредок се должи на двете полуфиналиња во Дубровник и во Сплит.

Инаку, Ивановски за оваа недела веќе го заврши настапот. Тој вчера настапи во првото коло од квалификациите на Челинџер 125 турнирот во Португалија, но загуби од Били Харис од Велика Британија со 2-1 во сетови (6:2; 4:6 и 6:4 во гемови).

Другите македонски тенисери на ранг листата имаат пад: Обрад Марковски 1126.то место, Горазд Србњак 1216, Берг Бугариќ 1801, Томислав Јотовски 1948 и Стефан Мицов 1948.

На врвот нема промени иако брзо го заврши настапот во Монте Карло Нова Ѓоковиќ е лидер со 7240 поени, пред Карлос Алкараз со 6770 поени. Каспер Руд има 5255, а Данил Медведев 5240, додека ТОП 5 ја заокружува Стефанос Циципас со 4950.

Оваа недела се играат три „големи“ турнири. Во Барселона прв носител е Алкараз, во Минхен финалистот од Монте Карло Холгер Руне од Норвешка, додека во Бања Лука Новак Ѓоковиќ е прв носител.