Повеќекратниот првак на Англија Манчестер Јунајтед како да излегува од кризата и по трите дуели без победа сега е во серија од три победи со кои се проби на третото место и сега е со најголеми шанси за пласман во Лигата на шампионите следната сезона. „Црвените ѓаволи“ на гостувањето кај Нотигнем Форест славеа победа од 2:0.
Водечкиот гол во 32.минута го постигна Антони, додека конечните 2:0 ги постави Диого Дало во 76.минута на асистенција на Антони.
Домашниот тим имаше иницијатива во поголемиот дел од натпреварот, но не упатија ниту еден директен удар кон противничкиот гол.
Проблем за Манчестер Јунајтед може да биде и повредата на Сабицер, кој се повреди на загревањето и ја зголеми листата на повредени играчи
Манчестер Јунајтед со денешната победа има 59 бодови од 30 натпревари и е на третата позиција зад водечкиот тандем Арсенал 74 и Манчестер Сити 70. Конкурентите за местата во ЛШ заостануваат: Њукасл има 56 бодови, Тотенхем 53, Астон Вила 50 и Брајтон 49. Нотингем Форест со 27 бодови остана на 18.место во зоната за испаѓање. Ист број бодови имаа и Евертон, а Лидс е пред нив со 29.
Утре (понеделник) во терминот од 21 часот се игра последниот натпревар од 31.коло меѓу Лидс и Ливерпул.