Во Првата македонска фудбалска лига попладнево беа одиграни натпреварите од 27-то коло, во кое фаворитите за највисок пласман Струга Трим Лум и Шкендија остварија убедливи победи.
Предноста на домашниот терен ја искористи и Работнички додека на натпреварите во Ѓорче Петров и Кратово немаше голови.
Слободна во ова коло беше екипата на Шкупи, па така Струга ја зголеми предноста во однос на Чаирчани која сега изнесува 8 бодови, додека тетовска Шкендија се проби на второто место со 2 бода попече од актуелниот шампион
ПРВА ЛИГА 27.КОЛО
СТРУГА Т.Л. – ПОБЕДА 6-2
ШКЕНДИЈА – ТИКВЕШ 4-1
РАБОТНИЧКИ – СКОПЈЕ 1-0
МАКЕДОНИЈА Ѓ.П. – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 0-0
СИЛЕКС – БРЕГАЛНИЦА 0-0
*Слободна во ова коло е екипата на Шкупи
ТАБЕЛА
1 СТРУГА 53 бодови
2 ШКЕНДИЈА 47
3 ШКУПИ 45
4 СИЛЕКС 40
5 БРЕГАЛНИЦА 37
6 МАКЕДОНИЈА ЃП 33
7 ТИКВЕШ 30
8 РАБОТНИЧКИ 28
9 АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 22
10 СКОПЈЕ 18
11 ПОБЕДА 13