Екипата на Жалгирис е последниот патник во плејофот на Евролигата. Во драматичен натпревар одигран во Минхен, литванскиот шампион славеше над Баерн со 83-80 и заврши како осмопласиран.
Ова беше натпревар од последното коло во регуларниот дел од сезоната, во кое Барселона со триумфот над Валенсија 85-71 го презеде второто место на табелата од Реал Мадрид кој падна на третата позиција.
Актуелниот шампион со Анадолу Ефес „пирова победа“ над Монако се прости со титулата, бидејќи во претходното коло ги загуби шансите за разирувањето.
Белградски Партизан во интересен финиш го победи Панатинаикос 83-81 и на крајот е шесто пласиран
Со тоа познати се и двојките за разигрувањето односно четвртфиналната рунда која се игра во три добиени натпревари по принципот 2-2-1 (дома-гости-дома)
ДВОЈКИ ЗА ЧЕТВРФИНАЛЕТО ВО ЕВРОЛИГАТА
ОЛИМПИЈАКОС – ФЕНЕРБАХЧЕ
БРСЕЛОНА – ЖАЛГИРИС
РЕАЛ МАДРИД – ПАРТИЗАН
МОНАКО – МАКАБИ Т.А.