Екипата на Лацио се зацврсти на втората позиција на табелата во Серија А, откако на вечерашниот натпревар на гостувањето кај Специја триумфираше со 3-0.
Натпреварот се движеше во очекуван правец за римјаните кои поведоа преку пеналот што го реализираше Имобиле во 36-тата минута.
Во второто полувреме Лацио ја удвои својата предност во 52-та минута, преку Фелипе Андерсон, а победата ја запечати Маркос Антонио во 89-тата минута.
Со оваа победа екипата на Маурицио Сари се зацврсти на втората позиција на табелата со 61 бод и се оддалечува од 3-то пласираната Рома која има 53, додека Наполи со 74 поени е недостижен на првото место.
Андреј Вељаноски