Екипите на Вардар и Гостивар попладнево ќе го одиграат својот натпревар од 24.коло во Втората македонска фудбалска лига.

Ова е натпревар кој може многу да реши околу статусот на екипите кои се борат за врвот на табелата, а со тоа и влез во прволигашката конкуренција.

Вардарци по киксот во минатото коло ја препуштија првата позиција на Воска спорт со од помалку, но и само еден повеќе од третопласираниот Гостивар, денешниот противник.

Затоа натпреварот што ќе се одигра попладнево е од огромно значење за двете екипи.

Дуелот меѓу Вардар и Гостивар ќе се игра на стадионот „Борис Трајковски“ во скопската населба Маџари со почеток од 16 часот.

Во истиот термин утре се играат и останатите средби, во кои екипи што се борат за највисок пласман Воска спорт и Пелистер ќе играат против тимовите кои на самото дно н табелата, Тетекс и Борец.

ТАБЕЛА:
1. ВОСКА СПОРТ 56 бодови
2. ВАРДАР 55
3. ГОСТИВАР 54
4. ПЕЛИСТЕР 47