Кошаркарките на Вардар и МЗТ Скопје Аеродром попладнево ќе го одиграат решавачкиот трет натпревар од четвртфиналето на плеј-офот.
Мајсторката во малата сала на СЦ Кале, ќе започне од 18.30 часот, по што ќе биде позната и последната екипа што ќе се пласира во полуфиналето.
Исходот од овој натпревар го чека екипата на Баскет Кам за да го дознае својот полуфинален противник.
Во првото полуфинале ќе играат актуелниот шампион Бадел и екипата на Струга.