Македонско-хрватската комбинација Калин Ивановски и Лука Микрут успеа да избори пласман во полуфиналето на Челинџер турнирот во Сплит. Тие во четвртфиналниот меч ги победија Аргентинците Мариано Навоне и Хуан Баутиста Торес со 2-0 во сетови (6:2 и 6:4 во гемови) искористувајќи ја втората меч топка. Мечот траеше 65 минути.
Првиот сет Ивановски и Микрут сетот го добија откако направија два брејка (2:1 и 5:2 во сетот). Во вториот сет имеше нешто повеќе борба. По 4:1 во гемови македонско-хрватска комбинација загуби гем на свој сервис, но предноста од два брејка претходно во сетот им донесе мирна завршница и добивање на сетот со 6:4.
Противници во полуфиналето ќе им бидат тенисерите од Индија Анирудх Чандрасекар и Вијаи Сундар Прашант, кои без борба се во полуфиналето бидејќи вторите носители Диего Идалго (Еквадор) и Кристијан Родригез (Колумбија) го предадоа мечот.
Ивановски и Микрут беа полуфиналисти и на турнирот во Дубровник минатата недела.