Двете првопласирани екипи во Супер лигата – плеј аут МРК Куманово и Голден Арт ги загубија натпреварите од 9.коло. Кумановчани вчера загубија дома од Струга, додека Голден Арт вечерва беше поразен на гостувањето кај Јуниор Кисела Вода. На другите два дуела Вардар Неготино беше убедлив против последниот Радовиш, а Прилеп и Скопје 2020 одиграа возбудлив натпревар.

Резултати 9.коло: МРК Куманово – Струга 25:28, Јуниор Кисела Вода – Голден Арт 22:18, Вардар Неготино – Радовиш 33:22 и Прилеп – Скопје 2020 19:18.

Табела: Голден Арт 21 бод, МРК Куманово 20, Прилеп 20, Струга 18, Вардар Неготино 13, Скопје 2020 12, Јуниор Кисела Вода 11, Радовиш 2.