Кошаркарите на битолски Пелистер се во Домжале, Словенија, каде денеска стартува завршниот „фајнал-ејт“ турнир во втората по квалитет АЛА конкуренција.

Пелистерци кои завршија како осмопласирани за противник ќе го имаат составот на домаќинот Хелиос Санс кој регуларниот дел од лигата го заврши како најдобро пласиран тим.

Иако словенската екипа важи за фаворит сепак од таборот на пелистерци ветуваа голема борба и обид да се стигне до полуфиналето.

Дуелот меѓу Пелистер и Хелиос е трета на денешната програма од четвртфиналето.

ЧЕТВРТФИНАЛЕ
(3) ПОДГОРИЦА – ЗЛАТИБОР 12:00 часот
(2) КРКА – СУТЈЕСКА 15:00 часот
(1) ХЕЛИОС САНС – ПЕЛИСТЕР 18:00 часот
(4) БОРАЦ – ШИРОКИ 21:00 часот

Во полуфиналето ќе играат победниците од натпреварите 1 и 4 односно 2 и 3 во петок 14 април, додека финалето ќе се игра на 16 април (сабота).