Екипата на Јуниор Кисела Вода извојува голема победа над водечкиот на табелата Голден Арт во плај-аут конкуренцијата на Супер лигата. Во натпреварот од 8.коло тимот од Кисела Вода победи со 22-18.
Натпреварот започна со по еден гол на двете страни, за во продолжението Голден Арт да ја преземе иницијативата и да дојде до пет гола предност (7-2).
До крајот на полувремето домаќинот успеа да намали на 13-10.
Но, екипата на Јуниор КВ не се откажа и со одлична одбрана и добра реализација во напад по осим минуити игра во вториот дел успеа да израмнат на 13-13. Двете страни не се откажуваа и резултатот беше израмнет до 46 минута, по што Голден Арт поведе со +2 (17-15). Но, тука застанаа.
Тимот на Печенковски, направи серија 7-1 за комплетен пресврт за на крајот со конечни 22-18 победа да слави екипата на Јуниор Кисела Вода.
Со 8 постигнати голови Дарио Симоноски беше најефикасниот играч на натпреварот и во победничката екипа, додека во поразената се истакна Христијан Милошески кој постигна 6 гола.
И покрај поразот Голден Арт ќе остане прв на табелата со 21 бод, само еден повеќе од Куманово, додека Јуниор К.В. сега ќе биде седми со еден бод повеќе од Вардар Неготино.
Ивона Кимовска