Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ повеќе од еден месец, неможеше да игра официјални натпревари, поради забраната за влез во Соединетите Американски Држави.
Конечно, тој денеска ќе се врати на теренот, пауза од 3.март кога настапи во полуфиналниот натпревар на турнирот во Дубаи, каде беше поразен од Данило Медведев.
Ѓоковиќ ќе ја започне сезоната на земјени турнири во Монте Карло со меч против Русинот Иван Гахков, кој во првото коло беше подобар од Американецот Мекензи, Мекдоналд.
Според распоредот на вториот натпреварувачки ден, тој дуел не треба да започне пред 14 часот.
Ѓоковиќ двапати го освои Мастерсот во Монте Карло во 2013 и 2015 часот, а тоа е турнирот на кој најдолго чекаше повторно да стигне до трофејот.