Екипата на Работнички е единствената која денеска забележа победа на гостински терен во трите одиграни натпревари од 21-то претпоследно коло во Првата машка кошаркарска лига.
Работнички во интересен натпревар на гостувањето во Кавадарци славеше триумф над Еуро Никел славеше со кој тимот од „Градски парк“ дефинитивни ќе го дочека плејофот пред кавадарчани.
Во дуелите на екипите што во продолжението на првенството ќе се борат за опстанок во Првата лига, домашниот терен го искористија Куманово во мечот против Струмица и составот на Чаер кој беше подобар од ФМП Академија.
Последниот натпревар од оваа рунда ќе се игра утре во СЦ „Јане Сандански“ каде Феникс ќе ја има улогата на „домаќин“ во дуелот до актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром.
ПРВА ЛИГА – ПРЕТПОСЛЕДНО 21.КОЛО
НЕДЕЛА
ЕУРО НИКЕЛ – РАБОТНИЧКИ 75-80
КУМАНОВО – СТРУМИЦА 89-82
ЧАИР – АКАДЕМИЈА ФМП 72-60
САБОТА
КОЖУВ – ГОСТИВАР 94-87
ПЕЛИСТЕР – ТФТ МОЦАРТ 92-69
ПОНЕДЕЛНИК
18:00 ФЕНИКС – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ