МЗТ Скопје УБ со победата над Вардар во последниот натпревар од регуларниот дел на сезоната во Втората лига, се избори за место меѓу осумте екипи што ќе играат во плејофот.

Аеродромци го победија првопласираниот тим на табелата и со идентичен „скор“ како и Шкупи, но подобар однос во меѓусебните дуелот со Чаирчани, кошаркарите на МЗТ Скопје2 се оние кои како последни се пласираат во четвртфиналето.

Во првите два денешни натпревари, Охрид очекувано славеше против Баскет Кам, додека зачудувачки делува резултатот во Струга.

Имено, екипата на  која во 21-натпревар досега не знаеше за победа, а најчесто губеше со огромна разлика, сезоната ја заврши со триумф над Куманово 2 кој има амбиции за влез во Првата лига!?

Така познат е и изгледот на конечната табела, според која се одредува и „костурот„ на разигрувањето во плејофот

ВТОРА ЛИГА – ПОСЛЕДНО 22 коло: ЦРН ДРИМ – МКК КУМАНОВО 76-67, ОХРИД – БАСКЕТ КАМ 86-81, ВАРДАР – МЗТ СКОПЈЕ У.Б. 67-88, РАБОТНИЧКИ – СОКОЛИ 70-65, АНГЕЛИ – ВОДНО САНС 74-86 и БОРЕЦ БАСКЕТ – ШКУПИ 98-102 (по продолженија)

Двојките за четвртфиналето се: 
(1) ВАРДАР – (8) МЗТ СКОПЈЕ У.Б.
(2) РАБОТНИЧКИ – (7) ОХРИД
(3) СОКОЛИ ШТИП – (6) КУМАНОВО
(4) АНГЕЛИ – (5) ВОДНО САНС