Екипата на Монако направи чекор назад во борбата за Лига на шампиони, бидејќи на гостувањето кај Нант се „сопнаа“ и одиграа нерешено со резултат од 2-2.
Фуриозно и брзо во првото полувреме, гостите поведоа со 2-0 со головите на Дисаси и Матацо во 21-та и 30-тата минута.
Но, второто полувреме се тргна наопаку за тимот од кнежевството.
Прво во 65.минута Нант преку Мостафа Мухамед намали на 1-2, а Блас израмни во 78-та минута го израмни резултатот.
Мухамед во 85.минута постигна уште еден гол за водство од 3-2, но беше поништен од ВАР поради офсајд.
Иако доминираа на натпреварот, фудбалерите на Монако не успеаја по трет пат да најдат пат до мрежата на Нант и со тоа резултатот остана непроменет 2-2.
Во Монако очекуваа дека прокнижат три нови бода со кои ќе се пробијат на третата позиција на табелата меѓу Ленс и Олимпик Марсеј, но засега остануваат на 4-тото место со два односно односно пет бодови помалку од конкурентите
Андреј Вељаноски